За нас
20 октомври 2020 2021-06-06 20:30За нас
Вкупно 10 онлајн предавања
Зошто
летна лидерска школа?
Успехот во едно општество во најголема мера зависи од квалитетот на процесите кои се случуваат во него. Лидерството е комплексно дејствие кое е составено од различни сложени процеси кои обидинуваат многу аспекти.
Пред сѐ, станува збор за способност за градење релации, решавање на ситуации и водење на процеси. Во рамките на овие аспекти има многу поткатегории меѓу кои способност за отворена и искрена комуникација, почитување на другите, подготвеност за саможртвување поради другите, тимски дух и други слични позитивни интерперсонални карактеристики.
Една од главните карактеристики на афирмиран лидер се стручноста за работата и знаењето и способностите кои ги поседува. Со поседување на овие карактеристики луѓето му веруваат на лидерот затоа што се сигурни дека тој знае што прави.
Свесни за големото значење на ЛИДЕРСТВОТО, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ И „Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип“ организираат ЛЕТНА ЛИДЕРСКА ШКОЛА.
Цели на летната лидерска школа
- Развој на капацитетите на личноста,
- Транформација на знаењето во сет од лидерски вредности,
- Способност за управување со организации во согласност со поставените цели;
- Соодветно знаење и спремност за преземање на ризици;
- Спремност за донесување на стратешки одлуки;
- Способност за градење на тимови;
- Способност за јасно и брзо мотивирање на луѓето;
- Способност за водење и организирање;
- Способност за глобално размислување, анализа на светските трендови и развој на визии.
Зошто се потребни лидери?
За напредок на едно општество, потребно е истото да биде водено од квалитени лидери како во делот на општествените процеси, исто така и во делот на деловните процеси. Со инвестирање во успешни лидери се обезбедува можност за успешна иднина, а со тоа и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.
За Меѓународен Славјански Универзитет
„Г. Р. Державин“
Една од нашите цели е да создадеме современи кампуси кои овозможуваат учење без ограничување не само во училниците, но и надвор, преку дигитални платформи.
Со бесплатните предавања, обуки, онлајн работилници и вебинари сакаме да создадеме можности за сите да можат да ги надоградуваат своите знаења од различни области. Исто така, преку настаните можете да видите и како изгледа наставниот процес на МСУ, да се запознаете со нашите професори и да дискутирате на дадените теми.
Се трудиме на едукативните настани да обработуваме актуелни теми, а предавачи се наши професори и соработници кои се подготвени да ги споделат нивните знаења и искуства.
Повеќе информации за нашиот универзитет можете да добиете на нашата веб страница https://msu.edu.mk/ или на info@leadership.msu.edu.mk.
За Младински Борд
Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД или уште познато како Youth on Board е младинска невладина организација основана во Штип.
Водена од млади и за млади веќе 3 години активно работи во подобрувањето на квалитетот на нивниот живот преку најразлични програми, обуки и платформи.
Наша главна цел е да ја подготвиме и инспирираме новата генерација на младински лидери кои преку своето дејсвување и учество во локалните и интернационални активности ќе приднонесат кон креиањето на новите општествени промени и ќе дадат одговор на технолошките предизвици.
Младите како главни креатори на нашите програми имаат можност да се стекнат со повеќе знање и воедно да ги инспирираат останатите преку нивните идеи и креативност.
Младински борд активно учествува во Еврпоските програми за мобилност и во изминатите неколку годнини им овозможи на повеќе од 200 млади да се стекнат со повеќе знаење, нова култура и нови пријателства.
За повеќе информации во врска со програмите и проектите кои ги организира Младински Борд посетете ја веб страната:
https://youthonboard.com.mk/ или пишете ни на info@youthonboard.com.mk