Edumall Preloader

Archives: Events

Latest Past Events

Комуникацијата како една од клучните лидерски вештини

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Комуникацијата како една од клучните лидерски вештини “ е десеттото и последно предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/490645442039778/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJ0qdO6qpjsiH9XRj7koUtrhvUMiNmiP_7dr Предавач ќе биде доц. д-р Слаѓана Ангелкоска, од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Ќе зборуваме зошто комуникацијата е важна за лидерите, за различните форми на комуникација, но и за слушањето, како важен дел од комуникацијата. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Глобалните менаџери и економската дипломатија

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ е деветтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/503495974032196/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJUvd-uqpzorGtcFNY6bayuV_eYluxk5VQQA Предавачи ќе бидат: проф. д-р Шеќеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и професор на група предмети во областа меѓународен менаџмент и меѓународна економија Неговата екселенција амбасадорот Веле Трпевски, искусен познавач на економската дипломатија Адвокат м-р Мимоза Салтирова, адвокат со иксуство во економска дипломатија Преку вистински примери ќе поразговараме за предизвиците со кои се соочуваат глобалните менаџери - начинот на подготовка за интернационална работа, средба со нова култура и нов јазик, промени во кариерата и личниот живот итн. Во агендата ќе бидат опфатени следниве точки: Економската дипломатија како интегрален дел на надворешната политика Деловната комуникација во меѓународната економска дипломатија Развој на економската дипломатија Предизвици на економската промоција и потребата за адаптација и флексибилност во пристапот согласно условите на пазарот Културните разлики во економската диопломатија и организирање бизнис состанок Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани

Бизнис модел CANVAS

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Бизнис модел CANVAS“ е осмото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/540874273989535 Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJIpf-Chqz8vGdY2_Xarb1tONBuFcCneicLj Предавач ќе биде проф. д-р Самоил Малчески од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Канвас (англ. Canvas) е модел за бизнис планирање составен од девет елементи. На онлајн предавањето ќе научите како да ја користите оваа алатка за стратегиски менаџмент. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.