Маркетинг и лидерство
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе„Маркетинг и лидерство“ е шестото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/1100647823751325/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJcrc-GuqTMiHdYudm7Z6AeYzwlBLgq1Tdkq Предавач ќе биде м-р Сашо Нефовски, а на настанот ќе зборуваме за моќта на маркетингот и неговото значење денес. Ќе дискутираме за видовите на маркетинг и ќе се обидеме да ги пронајдеме начините на кои се поврзани лидерството и маркетингот. И на крај, ќе дискутираме за лидерите некогаш, денес и утре. М-р Сашо Нефовски е магистер на економски науки. По завршување на студиите беше добитник на годишна награда за млад истражувач од областа на макроекономија од страна на Народна Банка на Македонија, а потоа започна да работи како асистент по група предмети од областа на маркетингот на Европски Универзитет. Во својата академска кариера и потоа има објавено бројни трудови и заедно со проф. д-р Петреска е автор на учебникот Планирање на маркетинг. Последните 5 години е фокусиран на истражувања од областа на општествен маркетинг за одржлив развој, поконкретно, интерес на истражувањето му е влијанието на општествениот маркетинг врз потрошувачите со цел намалување на отпадот од храна и унапредување на профитабилноста на индустријата. Веќе 7 години, Сашо е извршен директор на маркетинг агенцијата ОК Идеа. Во својот професионален ангажман има работено за бројни брендови како што се хотелиерската групација Акор и ИБИС Хотелите во Скопје, регионалната водечка клиничка болница Аџибадем Систина, КИА Автомобилскиот бренд, компании од угостителството, прехранбена индустрија и банкарскиот сектор. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.