Edumall Preloader

Archives: Events

Дигитална економија – онлајн предавање со проф. д-р Никола Поповски

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Дигитална економија“ е првото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Предавач ќе биде проф. д-р Никола Поповски. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/829745677946955 Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJApcuihrTMoEtUau--sJaHD3XDhqD_-mX8A Со овој настан ќе биде отворена Летната лидерска школа која ќе се одвива онлајн. Ќе бидат опфатени дефиниции, историскиот пат до дигитална економија, дигитално општество, карактеристики и манифестирање, перспективи. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учеството може да земат сите заинтересирани граѓани.  

Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ е вториот вебинар кој се одржува во рамките на Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/3952505111536082 Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJcvf-usqTktHdR7muY-QcjoqXpPbKIUaUzc Предавач ќе биде проф. д-р Јулијана Силјановска од Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Заеднички, преку примери, ќе дискутираме на следниве теми: креативност генерирање идеи иновации иновативност во организациите истражување и развој Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Инфлуенсер маркетинг

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Инфлуенсер маркетинг - градење бренд од себе“ е третиот вебинар кој се одржува во рамките на Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/1644299429291202/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJ0qduqqrTMjH9B2b9mt1zY63r1Htkuchj67 Воведно обраќање ќе има проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. На вебинарот ќе ги слушнеме искуствата на: Марјан Ѓорѓиевски, Јована Трајковска, Никола Тргачевски Кумба и Никола Трпковски. Инфлуенсер маркетингот функционира заради големата доверба што ја имаат следбениците во инфлуенсерите, а препораките од нив служат како потврда за квалитетот на определен производ или услуга. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Работната сила како економски фактор

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Работната сила како економски фактор“ е четвртото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Предавач ќе биде проф. д-р Никола Поповски. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/1698022983716185/  Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJAucu6oqDwpG9eOn6UPKB5hzKxKgYss1xF_ Заеднички ќе ја дефинираме работната сила, ќе ги споменеме карактеристиките, цената на работната сила, а ќе зборуваме и за вработеноста и невработеноста. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Јавно говорење и настап

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Јавно говорење и настап“ е петтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/556206105544997 Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJ0ocuiqrTstG9DyueztZqBchRsisUwbarf3 Предавачи ќе бидат проф. д-р Иван Ефремовски од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и актерот Марјан Ѓорѓиевски. На настанот ќе бидат обработени теми како подготвување на говор, говор на телото, начини на обраќање кон различна публика, пренесување на пораки преку медиумите итн. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Маркетинг и лидерство

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Маркетинг и лидерство“ е шестото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/1100647823751325/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJcrc-GuqTMiHdYudm7Z6AeYzwlBLgq1Tdkq Предавач ќе биде м-р Сашо Нефовски, а на настанот ќе зборуваме за моќта на маркетингот и неговото значење денес. Ќе дискутираме за видовите на маркетинг и ќе се обидеме да ги пронајдеме начините на кои се поврзани лидерството и маркетингот. И на крај, ќе дискутираме за лидерите некогаш, денес и утре. М-р Сашо Нефовски е магистер на економски науки. По завршување на студиите беше добитник на годишна награда за млад истражувач од областа на макроекономија од страна на Народна Банка на Македонија, а потоа започна да работи како асистент по група предмети од областа на маркетингот на Европски Универзитет. Во својата академска кариера и потоа има објавено бројни трудови и заедно со проф. д-р Петреска е автор на учебникот Планирање на маркетинг. Последните 5 години е фокусиран на истражувања од областа на општествен маркетинг за одржлив развој, поконкретно, интерес на истражувањето му е влијанието на општествениот маркетинг врз потрошувачите со цел намалување на отпадот од храна и унапредување на профитабилноста на индустријата. Веќе 7 години, Сашо е извршен директор на маркетинг агенцијата ОК Идеа. Во својот професионален ангажман има работено за бројни брендови како што се хотелиерската групација Акор и ИБИС Хотелите во Скопје, регионалната водечка клиничка болница Аџибадем Систина, КИА Автомобилскиот бренд, компании од угостителството, прехранбена индустрија и банкарскиот сектор. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Препознавање на организациската интелектуална сила

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Препознавање на организациската интелектуална сила“ е седмото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/957792034988417/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJAqdu2vqDkvG93TmGjGM4gkHsnE1AWGSsyi Предавач ќе биде доц. д-р Габриела Крстевска од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Бизнис модел CANVAS

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Бизнис модел CANVAS“ е осмото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/540874273989535 Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJIpf-Chqz8vGdY2_Xarb1tONBuFcCneicLj Предавач ќе биде проф. д-р Самоил Малчески од Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Канвас (англ. Canvas) е модел за бизнис планирање составен од девет елементи. На онлајн предавањето ќе научите како да ја користите оваа алатка за стратегиски менаџмент. Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Глобалните менаџери и економската дипломатија

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ ул. „Маршал Тито“ 77, Свети Николе

„Глобалните менаџери и економската дипломатија“ е деветтото предавање од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД - Штип“. Facebook линк: https://www.facebook.com/events/503495974032196/ Zoom линк за регистрација: https://zoom.us/meeting/register/tJUvd-uqpzorGtcFNY6bayuV_eYluxk5VQQA Предавачи ќе бидат: проф. д-р Шеќеринка Ивановска, декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и професор на група предмети во областа меѓународен менаџмент и меѓународна економија Неговата екселенција амбасадорот Веле Трпевски, искусен познавач на економската дипломатија Адвокат м-р Мимоза Салтирова, адвокат со иксуство во економска дипломатија Преку вистински примери ќе поразговараме за предизвиците со кои се соочуваат глобалните менаџери - начинот на подготовка за интернационална работа, средба со нова култура и нов јазик, промени во кариерата и личниот живот итн. Во агендата ќе бидат опфатени следниве точки: Економската дипломатија како интегрален дел на надворешната политика Деловната комуникација во меѓународната економска дипломатија Развој на економската дипломатија Предизвици на економската промоција и потребата за адаптација и флексибилност во пристапот согласно условите на пазарот Културните разлики во економската диопломатија и организирање бизнис состанок Сите учесници ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани